Connect with us

Repriza.mk

Ракот може да се спречи?

Здравје

Ракот може да се спречи?

Денес се обележува светскиот ден на борбата против рак. Бројот на заболени од година во година е се поголем. Светската здравствена организација проценува дека до 2030-та година бродјот на заболени ќе порасне за 70 проценти.

“Ракот е една од најчести хронични незаразни болести. По кардиоваскуларните болести, тој носи најголема смртност и најголем број на заболени”, рекол професор др. Раџан Џодиќ, директор на Онколошкиот институт во Белград.

Тој додал дека овој проблем е присутен секаде во светот, како и дека во развиените земји повеќе луѓе заболуваат о рак отколку од болести на срцето и крвните садови.

“Прогнозата е дека до 2030-та година од рак ќе заболат 15 милиони луѓе. а тоа е навистина сериозен податок, поради што е неопходно да се зборува за тој проблем и да се зборува за превенција”, порачал Џодиќ.

На прашањето дали ракот може да се спречи, тој одговара – “Апсолутно”.

“Практично истите фактори за ризик од заболување на срцето и крвните садови важат и за заболување од рак – физичка неактивност, дебелина, пушење и алкохолизам. Тоа се четирите фактори на ризик кои носат до зачестени болести на срцето и крвните садови, но и до појава на рак. Здрав модел на живеење се учи на претшколска возраст”, вели тој во интервју на српска “TV Prva”.

Leave a comment

More in Здравје

To Top
error: Content is protected !!