Рајскиот остров се претворил во пекол: Плажите преплавени од туристи кои бегале да ги спасат своите животи

Индонезиските власти стравуваат дека бројот на жртви би можел да се искачи на 140, бидејќи спасувачите уште не се обидуваат да се пробијат до пределите кои претрпеле најголема штета, каде има куќи, училишта и џамии срамнети со земја.

Во текот на паничната евакуација, која уследила по разорниот земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер, кој пред неколку дена ги погодил индонезиските острови Бали и Ломбок, белите песочни плажи се претвориле во вистински туристички пекол.

По потресот кој однел најмалку 98 животи, повеќето туристи и жители на Ломбок ги преплавиле плажите, со желба што побрзо да се евакуираат од островите.

Во страв од цунами, при помалите потреси кои уследиле по првиот, бројни туристи ги чекале бродовите за евакуација, земале основни работи и се качувале на повисоки терени.

Австралиецот Дејл Мафескијони е еден од оние кои успеале меѓу првите да се евакуираат од Ломбок, откако хотелот во кој престојувал, речиси целосно бил уништен.

Како што рекол, тој и неговите пријатели биле евакуирани на повисоки предели, а кога се вратиле кај хотелот, налетале на урнатини.

Leave a comment

error: Content is protected !!