Работодавците и дале ултиматум на оваа полицајка: Или разголени фотографии, или униформа

Полицајката која важи за “најпосакувана во Германија” објавила дека таа и нејзиното момче раскинале поради нејзината слава на социјалните мрежи.

Адриен Колесар неодамна се вратила на работа, по шестмесечниот платен одмор на кој работодавците ја принудиле за да одбере дали сака да остане во полицијата или ќе се одлучи за манекенска кариера.

34-годишната Германка, која се грижи улиците на Дрезден да бидат безбедни, објавила фотографија со момчето на својот профил на Инстаграм, кој го следат 700.000 луѓе.

Ја нарекла својата “втора животна одлука во 2019-та година”, откривајќи дека се иселила од нивниот дом пред 10 недели.

Во декември работодавците и поставиле ултиматум, бидејќи биле незадоволни од нејзиното често фотографирање во бикини на социјалните мрежи, но по одморот во текот на кој патувала низ светот, се одлучила за униформа наместо бикини.

Таа својата одлука на објавила на видео-снимка на ЈуТјуб, опишувајќи дека месеците додека го обиколувала светот се одлучувала меѓу моделинг и полицискиот повик.

Адриен била повикана на состанок со шефот на полицијата во Дрезден, на кого му кажала дека завршила со работата на “Инстаграм”.

Потоа објавила фотографија во униформа.

“Се враќам на работа. Се радувам за тоа, иако знам дека јануари ќе биде тежок месец. Не смеам да се откажам”, навела таа во видео снимката.

“И натаму ќе бидам присутна на Инстаграм и другите мрежи, секако не како претходните шест месеци, но нема да исчезна”, додала таа.

Шефот на полицијата Хорст Кречмар ја повикал Адриен и и кажал дека мора да намали со постовите на Инстаграм, доколку сака да продолжи во полицијата.

“Секако, морав да размислам што сакам. Никогаш не се однесувале кон мене со непочитување, затоа што сум Адриен која можете да ја видите на Инстаграм. Немам страв по повод враќањето на работа, патролите и смените. Уверена сум дека тоа нема да попречува на мојата работа”, навела таа.

“Тоа е одлука која морав да ја донесам за себе. Не е тајна дека половина година размислував што понатаму. Дали сум среќна по повод тоа што моментално го работам? Дали сум несреќа и дали ми е потребна промена? Тоа беа прашањата на кои морав да одговорам”, додала таа.

Убавата полицајка сака да споделува провокативни фотографии од своето убаво тело, посебно од одмори од тропските дестинации.

Leave a comment

error: Content is protected !!