Работел како ѓубреџија, велеле дека е геј, а сега ќе игра за Франција на Светско и го освоил срцето на Памела Андерсон

Францускиот фудбалер Адил Рами дефинитивно е еден од најинтересните ликови што ќе ги гледаме на Мундијалот во Русија.

Овој стопер е роден во 1985. година во Бастија, но по потекло е од Мароко. На девет години почнал да тренира фудбал во локалниот клуб Фрејус. Интересно, напоредно со фудбалот работел разни работи за да донесе пари дома. Работел во градска чистота и времето го минувал на улица. Темпераментот од улиците го пренесол на фудбалските терени. Во првата екипа на Фрејус влегол во 2003. година. Одиграл 58 натпревари за овој клуб, пред да го забележат од Лил. Четири години минал во тој клуб, а врвот го доживеал во 2011. година, кога освоил двојна круна. Играл одлично…

Рами бил маскота на клубот. Лесно бил забележлив поради својата висина (190 cm), но и недостигот на брзина. Од меч во меч бил или јунак или предмет на потсмев. Шармантен, интересен, желен за докажување, заминал во Валенсија во трансфер вреден 10-тина милиони евра.

Меѓутоа, дошол тежок период за него. Се помалку играл…Минувал многу време по ноќните клубови. Валенсија одлучила да го позајми во Милан, по што јавно го критикувал српскиот тренер Милорад Џукиќ, кој тогаш го водел шпанскиот клуб.

Градот на модата и фудбалот било нешто за што Рами сонувал целиот живот. Во Милан пристигнал со тогашната девојка, убавата манекенка Сидоине Биемонт.

За една година, колку што бил во Милан, повеќе правел шоу надвор од терените отколку на нив. Иако бил свршен со Беимонт, се нашол во центарот на секс скандал. Италијанската старлета Франческа Циприани открила дека имала афера со францускиот стопер. Тоа било почеток на крајот на неговата врска со убавата манекенка.

Интересно, иако важел за фатален заводник, италијанските медиуми едно време тврделе дека неговата врска со манекенката е параван и дека Рами е всушност хомосексуалец.

Кариерата ја продолжил во Севиља, со која во 2016. година ја освоил Лига Европа, за по шест години минати во странство повторно да се врати дома.

Марсеј го купил за шест милиони евра, а со славниот француски клуб дошол до финалето на Лига Европа оваа сезона.

Французинот новиот трансфер го прославил со нова врска. По враќањето во Франција медиумите откриле дека е во врска со славната Памела Андерсон, која е дури 18 години постара од него.

Пред два дена Рами се нашол во центарот на вниманието, поради инцидент на тренингот на репрезентацијата. Неспретно стартувал над Мбапе, по што младиот напаѓач паднал и се фатил за зглобот. Француските медиуми го нападнале сторперот поради грубиот старт.

“Добро сум, се ќе биде во ред. Оставете го мојот пријател на мир. Тој не е за ништо виновен”, порачал Мбапе.

Рами бил голем потенцијал, но лудата глава го спречила да биде многу поуспешен.

Leave a comment

error: Content is protected !!