Русија е во последна фаза на изработка на прецизни суперсонични бомбардери, кои ќе бидат подготвени за пробни летови кон крајот на овој месец.
Авионот “Tu-22M2М” е длабоко модернизирана верзија на TM-22M3, какви што руските воздухопловни сили имаат околу 100 и кои на големо се користат во Сирија.
Овие авиони се составуваат во фабриката Горбунов во Казањ, на околу 800 километри од Москва.
Инаку, во Казањ е одржана презентација на првиот модернизиран бомбардер “Тупољев” Tu-22M3M.
На бомбардерите им се усовршени перформансите и способни се да се движат со брзина од 2.300 километри на час. Може да достигнат висина од 13.000 метри и покриваат растојание од 6.000 километри. Како што се наведува, бомбардерите “Tu-22M3M” ќе можат да носат суперсонични ракети, како и нови крстаречки ракети H-32, а поседуваат и вештачка интелигенција.