Прво се слушнала голема експлозија, а потоа се се тресело – Ова е најголемиот метеор кој паднал на Земјата последните 20 години

Во последните 20 години, ова е убедливо најголемиот метеор кој паднал на американска површина. Откако била утврдена локацијата на падот, тим од научници се обидува да ги собере сите делови од вселенската карпа.

Жителите на Ошон Шорс, град кој се наоѓа во Вашингтон, во вечерните часови на 7. март забележале блескава светлина која го осветлила небото, а потоа одекнала голема експлозија – толку силна што буквално ги тресела автомобилите.

Многумина помислиле дека станува збор за вселенски брод, но секако е јасно дека нешто дошло од вселената, што ги вознемирило луѓето.

На основа на деталната анализа на работата, научниците потврдиле дека светлината која се видела од брегот на Британска Колумбија до северен Орегон била предизвикана од метеорот кој удрил во Земјата.

Научникот на НАСА, Марк Фрајс, заклучил дека дел од метеорот со големина на возило за голф, паднал и потонал во океанот на околу 25 километри од брегот на Вашингтон. Локацијата на другиот дел се наоѓа во близина на подводниот кањон кој е длабок околу 120 метри.

  

Подрачјето е релативно рамно, што го олеснува откривањето на темните црни метеори на морското дно.

Се проценува дека околу два тони фрагмент се распрскани на површина од половина километар на морското дно, а деловите кои го преживеале падот би можеле да бидат големи како цигли.

“Ова може да е најголемиот забележан метеор во САД во последните 20 години”, рекол Фрајс, па додал  дека ако го најдат преостанатите делови од метеорската карпа ќе следи сеопфатно истражување.

Како што пишуваат американските медиуми, научниците ќе користат подморници на далечинско управување за истражување на подрачјето и собирање на преостанатите делови од вселенската карпа.

Освен НАСА, на проектот ќе учествуваат и научници од Универзитетот во Вашингтон и “Olympic Coast National Marine Sanctuary”.

Leave a comment

error: Content is protected !!