Првите фотографии од астероидот дојдоа на Земјата: Оваа мисија открива како настанала Земјата

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало “Хајабус 2” во петокот успешно ги спуштило на астероидот Ријугу, ги пратиле првите фотографии и податоци од оддалеченото вселенско тело, во рамките на мисијата која би можела да даде назнаки за настанувањето на Сончевиот систем и развивањето на нашата планета.

Двата мали роботи, тешки околу еден килограм, опремени со камера, ќе се движат околу вселенското карпесто тело Ријугу, со дијаметар од еден километар, кое има слаба гравитација – што значи дека роверите ќе можат да се движат низ него, да мерат температурна вредност и да прават снимки од неговата површина.

“Двата ровера се во одлична состојба”, објавила јапонската космичка агенција, со први фотографии од Ријуга.

Астероидот, со облик на дијамант и темна површина, се врти околу својата оска еднаш на секои седум и пол часа.

Ова, инаку, е прв пат космички брод да успее да спушти роботски ровери на површината на еден астериод.

Астероидите во основа се преостанати материјали кои потекнуваат од формирањето на Сончевиот систем, пред 4,6 милијарди години.

Под нивната површина, се верува дека астероидите содржат големо богатство од информации за настанувањето на нашиот планетарен систем.

“Очекуваме дека вселенската карпа, со облик на дијамант, богата со вода и органски материјали, што ќе им овозможи на научниците подобро да ја разберат интеракцијата меѓу материјалите од кои е составена Земјата и развивањето на нејзините океани и животот на неа. Со тоа дополнително ќе ја развиеме науката за сончевиот систем”, соопштила јапонската космичка агенција.

Leave a comment

error: Content is protected !!