Прв пат во историјата: Изртиле првите билки на Месечината, погледнете како изгледаат! Еве што значи тоа за човештвото

На Месечината изртиле првите билки, што е прв пат некоја биолошка супстанца да израсне на тој Земјин сателит, соопштила кинеската национална вселенска агенција.

Семето од билките на Месечината го понела кинеската мисија “Cang’e 4”, која е прва мисија на темната страна на Месечината.

Билки претходно растеле на Меѓународната вселенска станица, но никогаш на површината на Месечината.

Тоа би значело дека астронаутите би можеле да користат храна која самите ја одгледуваат во вселената, со тоа намалувајќи ја потребата да се вратат на Земјата за повторно да се снабдат со намирници.

Кинеските државни медиуми во вторникот објавиле изртени семки од памук.

Официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина на Твитер објавил прва фотографија од овој момент.

Покрај тоа, напишано било дека тоа “е прв биолошки експеримент на човештвото на Месечината”.

Фред Вотсон, астроном од австралиската опсерваторија, рекол за “BBC” дека ова се “многу добри вести”.

“Овој успех укажува дека можеби во иднина нема да има ненадминливи проблеми за астронаутите да одгледуваат сопствени растенија во контролирани услови на Месечината”, заклучил тој.

Leave a comment

error: Content is protected !!