Протекле тајни документи од Хелсинки: Еве што барал Путин од Трамп кога останале сами

Путин и Трамп на 16. јули разговарале во четири очи во Хелсинки, само во присуство на преведувач со цел најтајните информации од важност за државите да останат во тајност.

Меѓутоа, сега протекле детали од тој разговор. Претседателот на Русија, Владимир Путин, тогаш на Трамп му предложил низа конкретни иницијативи во врска со контролата на оружје, вклучувајќи и забрана за вооружување во вселената.

Во рускиот документ со наслов “Дијалог за прашањето за контрола на оружјето”, кое “Politico” наводно го добил од руски службеници, се предложува продолжување на таканаречениот Нов договор за намалување на стратешкото оружје на уште пет години.

“Во овој документ се истакнати голем број на подрачја во кои САД и Русија би можеле да соработуваат и да ја намалат опасноста од нуклеарното оружје и на тој начин повторно да воспостават бар дел од изгубената меѓународна доверба”, пишува весникот.

Во документот се сугерира дек Вашингтон и Москва би требало да преземат чекори за намалување на тензиите во источна Европа, со спроведување на воени активности, како и зголемување на довербата и транспарентноста во воената сфера.

Новите детали даваат докази дека Путин останува заинтересиран за одржување на традиционалната соработка меѓу двете земји за нуклеарното вооружување, и покрај сите други несогласувања, рекол еден учесник на неодамнешните неофицијални разговори за контрола во вооружувањето.

Со документот двете страни се повикуваат да иницираат експертски консултации, за да ги препознаат дестабилизаторските видови на оружје. Предложен е и почеток на дијалог во форматот “два плус два” со министрите за одбрана на двете земји, како и шефовите на руската и американската дипломатија.

Белата куќа одбила да го коментира овие наводи и негирала дека Трамп добил било какви документи.

Leave a comment

error: Content is protected !!