Пронајден скелет во древна Помпеја: Бегал од ерупцијата на Везув, го смачкал камен блок

Италијанските археолози пронашле костур од маж починат во ерупцијата на Везув, која во 79. година од нашата ера ја уништила Помпеја.

Првите резултати од истрагата заклучиле дека мажот најверојатно бегал од вулканската пепел, кога бил погоден од камен блок.

 

Костурот бил пронајден при ископувањето, кое започнало во март, на нова локација во Помпеја, во близина на Неапол. Костурот му припаѓа на 30-годишен маж, чии ребра биле скршени по падот на камениот блок.

Се претпоставува дека огромниот облак од пепел и прашина го фрлил наназад, пред камениот блок да му падне на градите. Првите наоди велат и дека пател од болест на коските, која му оневозможувала целосна мобилност, па веројатно затоа не успеал да побегне на време.

Кога Везув еруптирал, самиот град Помпеја и околните села се нашле закопани под слоеви пепел и така биле зачувани. Ископувањата започнале во 18. век, но археолозите и натаму пронаоѓаат коски и други артефакти.

Помпеја секоја година ја посетуваат неколку милиони луѓе.

Leave a comment

error: Content is protected !!