Променете ја оваа лоша навика ако сакате да биде среќни и наспани

Доколку чашата секогаш ви е полупразна, тогаш и не чуди тоа што лошо спиете и секогаш сте нерасположени.

Новото истражување покажало дека оптимистично настроените луѓе многу подобро спијат и дека ако сте песимист, тогаш не е ни чудо што спиете лошо.

Истражувачите од Универзитетот Илиноис набљудувале 3.500 луѓе на возраст од 32 до 51 година, делејќи ги на оптимисти и песимисти. Тогаш ги набљудувале и нивните навики во врска со спиењето. Резултатите не биле на страната на песимистите..

Оние со поголемо ниво на позитивно размислување имале помеѓу шест до девет часа сон. Имале помалку симптоми на инсомнија и чувство на умор во текот на денот. Иако е јасно дека оптимистите спиеле подобро, не е баш јасно зошто. Сепак, има неколку теории.

Да се биде позитивно настроен значи подобро да се носите со стресот, кој е главна причина за загуба на сонот. Негативно настроените луѓе минуваат многу време во вртење по креветот од една на друга страна, додека оптимисите немаат такви проблеми. Оптимистите се фокусираат на решавање на проблемите, но ги ставаат во втор план кога одат на спиење. Со тоа што активно ги решаваат проблемите, тие ги намалуваат грижите кои им го уништуваат мирниот сон, пишува “Daily Star”.

Следниот пат кога нема да можете да заспиете насочете ги вашите мисли на позитивни работи и не размислувајте негативно ако сакате убаво да се наспиете.

Young man comfortably sleeping in his bed

Leave a comment

error: Content is protected !!