Произведен првиот 3Д рентген во боја во светот ( видео и фото)

Компанија од Нов Зеланд го произведе првиот 3Д рентген во боја во светот со кој ќе може да се снимаат делови од човечкото тело.

Оваа технологија е попозната како спектрално молекуларно сликање ( SMI) и дава многу детално прецизни снимки. Наликува на компјутерска томографија, но е со далеку поразвиена технологија. SMI технологијата лесно ги разликува и одвојува едни од други коските, салото и водата и ги прикажува во различни бои, за да биде полесно да се протолкува снимката.

Рентгенот во себе содржи револуционерен детектор, кој што собира информации за сите ќелии, а е развиван во Европската организација за нуклеарно истражување, позната како CERN.

Користејќи го овој детектор, 3Д рентгенот може да даде екстремно поголемо ниво на точност околу дијагнозата, во споредба со обичните рентгени и компјутерска томографија.

Колку за споредба, една снимка од оваа технологија е голема околу 30 гб, додека сликите од мобилен телефон се околу 10 мб. Засега се користи само за помали делови од телото, како зглобови, но понатаму ќе се користи и за цел абдомен, како и за рано превентирање на рак.

Leave a comment

error: Content is protected !!