Проговорила поранешната сопруга на Роман Абрамович: Живеевме во златен кафез, не чуваа руски и британски разузнавачи

Поранешната сопруга на Роман Абрамович го дала своето прво интервју по 11 години од нивниот развод, каде истакнала дека се гордее со своите пет деца.

Ирина Абрамович, поранешната стујардеса која моментално живее во Лондон и која се омажила за рускиот милијардер во 1991. година, исто така открила дека сега е длабоко религиозна.

Таа вели дека и натаму води живот на висока нога, патува низ светот, но и ја крие својата приватност.

Таа и Роман се развеле во 2007. година, при што нивниот договор кој притоа го постигнале е строго чувана тајна. Тие не кажале ниеден лош збор еден за друг во јавност од разводот.Неговите пет деца од бракот со Ирина се во одлични односи со синот и ќерката кои ги има со третата жена, Даша Жукова, со која исто така е разведен.

Ирина константно е на мета на новинарите, се истакнува во интервјуто, но таа досега успешно избегнувала било какви изјави за медиумите, истакнувајќи дека не е заинтересирана да биде поранешна сопруга на сопственикот на Челси, со оглед на тоа дека има нови и не помалку возбудлив живот.

Сега навела дека и било задоволство да зборува за своите деца и открила со што тие се занимаваат.

“Аркадиј води успешен бизнис. Ана треба да дипломира филозофија на универзитетот Колумбија, а Софија дипломираше коњарство во Лондон. Ирина завршува колеџ и планира да запише зоологија, додека Илја оди во средно училиште во Лондон, навела Ирина.

Својот заеднички живот со Роман, Ирина Абрамович го споредила со златен кафез, со оглед на тоа дека константно биле следени од телохранители кои претходно работеле во руската и британската тајна служба.

 

Додала дека, иако можеби сега помалку се појавува на јавни настани, често може да се види во црква, на изложба, во музеј или театар.

Додека нејзиниот поранешен сопруг сега има израелски пасош и го интересираат неговите еврејски корени, Ирина го нашла својот мир во православието.

“Собиран византиски и руски икони”, вели таа.

Исто така истакнала дека неодамнешното патување во Перу и било едно од најдрагите во животот, со оглед на тоа дека таму се сретнала со неверојатен микс на цивилизации.

Leave a comment

error: Content is protected !!