Професорка по физичко имала секс со ученици, а судијата и ја намалил казната

Поранешната професорка по физичко образование во Охајо била казнета со 30 дена во затвор, откако признала дека имала сексуални односи со тројца ученици.

На полицијата наводно и кажала дека еден ученик собрала кај неговиот дом, а потоа со него имала секс во автомобил.

 

Подоцна тој ден, повторно биле интимни во подрумот на неговиот дом. Спиела и со друг ученик, и тоа во својата канцеларија по часовите. Со третиот ученик спиела во задното седиште на својот автомобил, во еден парк.

36-годишната Тифани Ајчер освен едномесечната казна затвор, ќе добие и 3 години условна казна, задолжително советување, 300 часа социјално корисна работа, парична казна од 1.000 долари, а ќе мора да ги плати и трошоците за советување за своите жртви.

Од документите кои биле откриени на суд се гледа дека оваа професорка рекла дека учениците доаѓале кај неа со идеја за сексуални активности со неа, а никогаш таа не ги иницирала самата.

“Јас им велев не, а тие инсистираа. Не го барав тоа. Чувствував притисок”, рекла таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!