Пример за помладите: Оваа Американка завршила факултет на 89. години, не планира да застане

89-годишната Ела Вашингтон дипломирала на Универзитетот Либерти во Вирџинија, но не планира да остане на тоа, туку сака да го продолжи образованието и да стане магистер.

Како што пишуваат американските медиуми, таа се омажила многу млада и набрзо станала мајка. Напорно работела и не можела да продолжи со образованието на факултет, што секогаш и било сон. Работела како чувар во Пентагон, а потоа се образувала и станала медицинска сестра во дом за старци, каде работела до пред шест години.

 

“Немало многу можности за работа за младите Афроамериканци во тоа време, но работеше напорно за да ни обезбеди се што ни треба”, вели нејзината ќерка Елен Мичел.

Истакнала дека мајка им ги научила да читаат, да пишуваат и да пресметуваат пред да тргнат во училиште, што е традиција во ова семејство која се пренесува од колено на колено.

Ела ја добила дипломата за медицинска сестра во 1978. година, кога имала 49 години, откако започнал програмот за образование на повозрасни лица.

Пред шест години нејзината ќерка ја убедила да се запише на факултет, и изборот паднал на Универзитетот Либерти.

“Ја сакам историјата. Тоа ми е најинтересен предмет. Секој би требало да ја познава својата историја и да учи од неа. Многу луѓе не ја знаат добро својата историја”, вели Вашингтон.

Порачала дека образованието е најважната работа во животот која ги обликува личностите и дава можност да го добиеме најдоброто од животот.

Leave a comment

error: Content is protected !!