Вечерва е прекината акцијата за извлекување на момчињата од пештера на Тајланд

Тајландските власти ја прекинаа вечерва акцијата за извлекување  на момчињата и нивниот тренер.

Ќе нема извлекување на момчињата во текот на ноќта , бидејќи децата на знаат да нуркаат , велат властите на Тајланд. Со тоа ги демантираа информациите дека ноќеска ќе почне извлекувањето на децата од пештерата Там Луанг. Гувернерот на покраината Чанг Раи , каде се наоќа пештерата , наронгсак Осатанакору изјави дека се бара најсигурен начин да се извлечат децата , кои од минатата сабота се заробени во поплавена пештера долга над пет километри.

Децата ќе мора да научат да нуркаат за да го  поминат под вода овој тунел , низ кој дури ниту професионален нуркач од Тајланд не успеа да го премине и загина во обидот за помош. Најголем проблем во моментот е надоаѓањето на нов влажен бран со дождови од утре до следниот четврток , што дополнително би ја усложнила работата на спасувачите , како и недостатокот на кислород во делот на пештерата каде се децата и нивниот тренер.

За сега нема конкретен план како би се спасиле децата и нивниот тренер . Постои можност дури и да се остават во делот на пештерата кој не е под вода во наредните четири месеци , кога завршува сезоната на дождови и подземните води се повлекуваат.

Leave a comment

error: Content is protected !!