Предлог серија: „13 reasons why”- трилер за тинејџерските самоубиства

Оваа пролет пристигнува и втората сезона на мегауспешната серија со висок рејтинг- „13 reasons why”.

Во серијата дејствието се врти околку смртта, односно самоубиството на младата Хана, која го потресува целиот град и ги менува животите на сите околу неа. По нејзината смрт, Хана остава 13 аудио касети каде што објаснува зошто се самоубила. Секоја од 13-те епизоди следи по една од касетите и навистина понекогаш е дури и потресно да се гледа што се случувало со младата девојка.

Втората сезона ќе биде објавена на 18-ти мај на Нетфликс, а дотогаш доколку не сте ја погледнале првата сезона, може да го сторите тоа на оваа најголема мрежа за филмови и серии, или пак да си ја симнете серијата од некој торент.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!