Пред натпреварувањето ослабела 50 килограми, а сега е Мис Универзум

33-годишната Русинка Ксенија Усолкина, станала “Miss Universe” откако ја претставувала својата земја во финалната вечер во турскиот град Анталија.

Но, тоа што посебно импресионира е дека крунисаната убавица изгубила неверојатни 50 килограми пред почетокот на натпреварувањето.

Ксенија значително го намалила обемот на своето тело за 18 месеци, што придонело и за подобрување на нејзиното здравје.

“Отсекогаш бев дебела, што не ме спречуваше да мажам два пати. Тоа што е важно за мене сега е да привлекувам добри вибрации – една жена секогаш треба да има харизма и да биде позитивна”, рекла оваа убавица.

И покрај тоа што била подебела од останатите девојки, Ксенија го импресионирала жирито со својот шарм и убавина.

“Мора да верувате во себе, во тоа дека не постои никој како вас. Тогаш се може да се случи”, рекла таа.

Ксенија, која работи како еколошки специјалист за руската железница, била одлучна да го освои натпреварувањето од самиот почеток.

“Уште сум преплавена од емоции. Уште не можам да сфатам дека круната и лентата одат во Русија”, заклучила оваа убавица.

Leave a comment

error: Content is protected !!