Првата дама на САД го избегнува родното место, но тоа заработува на неа

Севница тешко дека ќе се најде на листата на најпосакувани туристички дестинации. Барем така било до ноември 2016. година, кога поранешната ученичка во “Саво Кладник” во Севница, Меланија Трамп, станала прва дама на САД.

“CNN” наведува дека местото каде пораснала Меланија е прекрасен планински регион со реки како Мирна и Крка, исполнет со борови шуми. Исто така, се истакнува дека до мај 2018. година Севница немала ниеден добар хотел, па посетителите често престојувале во локалните фарми.

Тоа се променило кога Меланија станала прва дама на САД, па сега жителите на Севница на сите можни начини се обидуваат да го искористат тоа што светот слушнал за ова мало место. Во градот има посебни тури, кои се поврзани со животот на Меланија Трамп.

Турата го опфаќа основното училиште “Саво Кладник”, именувано по политичкиот активист убиен во Втората светска војна. Ова е училиштето во кое Меланија ги минала своите училишни денови.

Интересна за посетителите е и зградата во која Меланија пораснала. Станот на нејзиното семејство Кнавс се наоѓал на вториот кат. Мајката на првата дама, Амалија Кнавс, била дизајнерка во фабриката “Јутранка”, што помогнало во манекенската кариера на тогаш младата Меланија.

“Меланија била манекенка за “Јутранка” од мали нозе, бидејќи нејзината мајка ја водела таму да ги облекува креациите кои ги дизајнирала”, објаснува еден од туристичките водичи.

Денес кафулето “Јулија” во главната улица на Севница го нуди колачот “Меланија” со јаболка и бадеми, и бело чоколадо и златен спреј. Пекарата “Крухек” за два долари продава парче пита од јаболка со име “Прва дама”, на кое ја има буквата “M”, и мало американско знаме.

Брендот не е навистина поврзан со Меланија, па жителите не можат да го користат нејзиното име или фотографии.

Во населбата Рибник во Севница има модерна вила со поштенско сандаче во американски манир – оваа куќа е во сопственост на семејството Кнавс, а мајката на Меланија престојува таму секогаш кога е во градот, што во последно време не е чест случај.

Leave a comment

error: Content is protected !!