Прашање за Путин: Кога Русија би го употребила нуклеарното оружје? Еве што рекол претседателот на Руската Федерација

Рускиот претседател во текот на вчерашниот ден изјави дека неговата земја би била подготвена да го користи своето нуклеарно оружје само како одговор на напад.

„Немаме концепт за да го користиме нуклеарното оружје во превентивни цели“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на политичкиот форум во Сочи, пренесува руската новинска агенција „Интерфакс“.

Русија е подготвена да го користи своето нуклеарно оружје „само кога ќе бидеме сигурни дека некој, потенцијален агресор, ќе ја напаѓа Русија“, нагласил првиот човек на Руската Федерација.

Меѓу другото, Владимир Путин открил и какви ќе бидат последиците доколку некоја непријателска земја одлучи да ја нападне Русија со слично оружје: „Агресорот мора да знае дека одмаздата ќе биде неизбежна. Ќе биде целосно уништен“, изјави рускиот претседател.

„Како жртви на агресија, како маченици, ние ќе одиме на небото, но тие само ќе умрат затоа што ќе немаат време за каење“, изјави Владимир Путин.

Leave a comment

error: Content is protected !!