Влатко Илиевски пееше „Најбогат на свет“ и навистина поп-рок пејачот и актер беше најбогат со пријатели.
Социјалните мрежи се преполни со емотивни пораки и статуси за прерано починатиот пејач. Само пред неколку денови тој го прослави својот 33-ти роденден, а вечерта кратко пред да почине седел во кафеана заедно со своите пријатели. Неговата смрт ги потресе сите познати личности во Македонија кои другаруваа со Влатко.
За него велеа дека е голем другар, беше градско дете, се знаеше со цело Скопје, со цела Македонија. Каде и да одеше, веднаш се фаќаше за микрофонот. Најмногу другаруваше со Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Тамара Тодевска, Тијана, но списокот на пријатели е долг. Влатко беше другар со сите, и во добро и во лошо.
Погребот ќе биде утре на гробиштата во Ѓорче Петров, во 11 часот.