Познатата манекенка пронајдена мртва: Кејт Мос неутешна, ја сметала за сестра

Славната Анабел Нилсон била пронајдена мртва во својот дом. Како што истакнува полицијата, смртта на 49-годишната убавица не е сомнителна.

Инаку, Анабел била хероински зависник од свои 16 години. Како што своевремено тврдела, само тоа ја спасило да не се самоубие. Кејт Мос ја сметала за сестра, а модниот дизајнер Александар Меквин за несудена сопруга. Инаку, таа последна го видела жив.

“Беше мој брат, мој дечко, моја сродна душа. Поголем дел од времето луѓето ме викаа госпоѓа Меквин. Често го делевме истиот кревет”, изјавила таа своевремено, додавајќи дека со него била најсреќна.

Тој дури и во една прилика ја запросил, но таа одбила, поради што долго жалела. Била негова муза.

Уште повеќе ја шокирала јавноста во 1994. година, кога се омажила со Нет Ротшилд. Парот се запознал на плажа во Индија, а родителите на Нет биле запрепастени од неговиот вулгарен избор на сопруга. По разводот по три години брак, манекенката добила огромна сума на пари.

Leave a comment

error: Content is protected !!