Позната пејачка со балкански корени убиена во ноќен клуб во Бодрум

Хаџер Тулу, турска пејачка со балкански корени, била убиена во ноќен клуб во популарното туристичко летувалиште во Турција, откако непознати напаѓачи пукале од автомобил паркиран во близина на клубот.

40-годишната пејачка е една од двете жртви во нападот во близина на Бодрум, на западот на Турција. Како што пренесуваат медиумите, докторите се обидувале да ја оживеат пејачката на пат кон болницата, но безуспешно.

Хаџер Тулу е родена на 10. април 1978. година во Измир, а нејзините родители биле мигранти од Босна. Некои медиуми пренеле дека Хаџер има 15-годишна ќерка.

Познато е дека има постар брат Озан, а британски “Metro” пишува дека завршила студии за односи со јавноста.

Според првите информации, другата жртва убиена во нападот е Мехмет Али Суренсој, сопственик на клубот “Медуза”, каде се случило пукањето. Повредени биле уште четири лица.

Полицијата по прегледувањето на снимките од надзорните камери уапсиле четири лица.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!