Пожарникарот кој прв пристигнал на местото на несреќата ги открил последните зборови на Дајана: Таа ноќ и натаму ме прогонува

Пожарникарот кој прв се нашол на местото на трагичната несреќа ги опишал последните моменти на принцезата Дајана.

Ксавиер Гурмелон открил дека принцезата била при свест и имала отворени очи кога ја извлекувал од уништениот автомобил.

“Бевме многу блиску до местото на несреќата и на мојот тим му беа потребни само три минути да дојде до неа. Имаше мала повреда на десното рамо, но освен тоа изгледаше нормално. На неа немаше вооошто крв. Ја фатив за рака да ја смирам, а таа ме праша: “Боже мој, што се случи?”. И дадов малку кислород и брзо ја извлековме од автомобилот бидејќи моравме да го сечеме лимот”, вели тој.

Само неколку моменти подоцна доживеала срцев застој.

“И го масирав срцето неколку секунди и повторно почна да диши. Воздивнав. Искрено мислев дека ќе преживее ако ја сместиме во амбулантно возило. ПОдоцна дознав дека починала во болница. Тоа многу ме погоди. Сега знам дека имала сериозни внатрешни повреди, но и натаму ме прогонува. Таа вечер засекогаш ќе остане во моето сеќавање”, раскажува тој.

Тврди дека на местото на несреќата никој не препознал за кого станува збор.

“Немав поим дека тоа е принцезата Дајана. Дури кога ја ставија во возилото еден од болничарите ми кажа дека тоа е таа”, вели Ксавиер.

Принцезата Дајана загинала во парискиот тунел на 31. август во 1997. година. Имала само 36 години.

Leave a comment

error: Content is protected !!