Пожарите во Грција продолжуваат да беснеат – 50 мртви и 150 повредени!

Бројот на загинати во шумските пожари во близина на Атина пораснал на 50. Грчките медиуми претходно пренеле дека во пожарите загинале 24 лица, повикувајќи ги итните служби и локалните болници за помош.

Во близина на градот Рафини пронајдени се 26 мртви тела, велат од Црвениот крст, а потврди заменик градоначалникот Григос Коколис. Пожарот во Рафини се движи кон центарот на градот принудувајќи стотина луѓе да побегнат.

Повеќе од 150 луѓе се повредени, а голем дел од нив се во критична состојба.

Градскиот кварт Мати е речиси сосема уништен. Стотина луѓе ги поминаа ноќите во автомобилите, спортските сали или на отворено. Поголемиот дел од пожарите биле ставени под контрола во текот на ноќта, откако брзината на ветровите се намалила.

“Се надеваме дека денес ќе ги изгаснеме сите пожари”, рекол гласноговорникот на пожарникарите за државната телевизија.

Пожарите се појавија во западниот и источниот дел од главниот грчки град поради високите летни температури од 40 степени Целзиусови и силни ветрови.

Во градското подрачје на Атина е прогласена вонредна состојба, додека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја скратил својата посета во Босна и Херцеговина за да се врати во Грција. Рекол дека некои од пожарите можеби се подментанти. Ципрас побарал помош од противпожарните служби и итните служби од соседните региони, како и помош од војската, објавило грчкото државно радио.

Пожарникарите известиле дека во пожарите западно од Атина повредени се 90 лица, некои од нив сериозни. Според медиумските извештаи во вторник наутро, бројката на мртви би можела да порасне.

Leave a comment

error: Content is protected !!