Потврдено: Се снима трет дел од култниот „Бил и Тед“

Конечно го дочекавме и тоа чудо. Повторно ќе ги гледаме Киану Ривс и Алекс Винтер во улогите на неостварените богови на рокенролот Тед и Бил.

Третото продолжение ќе носи наслов „ Bill & Ted Face the Music”, а Тед Теодор Логан и Бил С. Престон сега се во средни години. Додека жонглираат со своите фамилијарни обврски во исто време пробуваат да ја напишат најдобрата некогаш компонирана песна. Меѓутоа посетител од иднината ги предупредува дека само таа песна, која толку не успеваат да ја напишат е единствено нешто што може да го спаси универзумот.

Уште еднаш култниот актерски пар, заедно со сопствените ќерки, но и нова плејада на историски ликови и музички легенди ќе се впушти во нова авантура- потрага по песната која ќе го спаси светот.

Leave a comment

error: Content is protected !!