Потресна фотографија поради која се собрале 35.000 евра за еден ден: Застанал покрај телото на својот татко и почнал да плаче!

Фотографијата од детето кое плаче на телото на загинатиот татко ги поттикнала Индијците да соберат три милиони рупии, односно 35.000 евра, за неговото семејство за само еден ден.

“Детето дојде до телото на неговиот татко во крематориумот, ја тргна покривката од неговото лице, ја стави раката на неговиот образ и само кажа “тато”, па почна да плаче. Мажот бил уште еден сиромашен работник кој во петокот загинал во канализација во Делхи. Семејството немаше доволно пари ни да го кремира”, напишал новинар покрај потресната фотографија.

“Новинар сум на црна хроника и имам видено страшни трагедии, но вакво нешто никогаш”, додал Шив Суни и рекол дека сакал да го сврти вниманието кон проблемите на ова семејство.

За само еден ден, Индијците, поттикнати од фотографијата, собрале 3 милиони рупии за семејството на починатиот работник.

Но, целата приказна е многу потрагична од овој настан.

27-годишниот Арил неколку моменти по фотографијата бил кремиран. Една седмица подоцна му починал 4-месечниот син од воспаление на белите дробови, бидејќи семејството, кое има уште две ќерки, немало пари за лекови.

Арли загинал откако пукнало јажето по кое го спуштале во канализацијата. А тоа јаже е речиси се што работниците имаат од безбедносна опрема. Се проценува дека секоја година во канализациите во Делхи умираат 100 работници.

“Понекогаш го следев на работа и му ги чував чевлите и облеката за да не му ги украдат крадци”, рекло детето, додавајќи дека татко му му зборувал дека “уште е мал за и тој да влезе во канализација”.

Поради овој твит, нема да мора – Индијците собрале доволно пари за неговото образование.

Leave a comment

error: Content is protected !!