Обилните дождови кои во текот на вечерта паѓале во делови на централна и источна Пенсилванија ги затвориле патиштата и ги поплавиле куќите.
Бројни патишта од Вилијамспорт до предградието на Филаделфија се затворени, а некои возачи на мотори биле спасени.
Поради поплавите, граѓаните биле евакуирани со гумени чамци.
Во спасувањето и евакуацијата помагаат и хеликоптери кои спасуваат луѓе заглавени на крововите на своите домови.
Националната метеоролошка служба издала предупредување на нови поплави и ги предупредила граѓаните да не возат автомобили низ поплавените подрачја.