Постојат градови и улици низ светот кои го носат името “Јосип Броз Тито” – еве каде се наоѓаат

За време на владеењето на Јосип Броз Тито, но и во годините после неговата смрт во 1980-та година, десетина улици и плоштади во градовите на поранешна Југославија, го носат неговото име.

Сепак, постојат и неколку подалечни земји во кои името на Тито и понатаму краси некои од важните локалитети.

Во Италија постојат вкупно шест улици ширум земјата, кои сè уште го носат називот „via Josip Broz Tito“, односно „via Maresciallo Tito“, а се наоѓаат во Кампанија, Нуоро, Палма ди Монтекијаро, Кватро Катели и Реџи Емилија.

Благодарение на големото пријателство со алжирскиот народ во градот Баб Езуар, сè уште постои парк кој го носи името на Тито, додека во Каиро, улица која се наоѓа близу до аеродромот исто така ја краси името на поранешниот југословенски лидер.

Тоа не се единствените афрички градови во кои и понатаму се носи неговото име. Имено, во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, една улица во центарот се вика Јосип Броз Тито, а во Тунис, поточно во Сус, цела авенија, како и во Акра, престолнината на Гана, го носат неговото име. Во нигерискиот град Абуџа, као и во Ангора, две улици го носат името на Тито.

Во Јужна Америка, односно во бразилскиот град Сао Паоло, уште една авенија го носи името на Тито, а на Кипар дури две улици, во градовите Лимасол и Дали.

Кога е Азија во прашање, во Москва цел еден плоштад го носи името на Тито, а се наоѓа точно над Профсојузната метро станица, но и еден град во рускиот регион Ростов.

Во Казахстан исто така еден град го носи името на Тито, а во Индија две улици, во Њу Делхи и Џодпур.

Leave a comment

error: Content is protected !!