Последната фотографија од мостот во Џенова открива во колку лоша состојба бил: Една недела пред рушењето се се распаѓало

Фотографијата од мостот во Џенова, наводно направена пред една недела, јасно покажува во колку лоша состојба бил пред да се урне, поради што настрадале 38 луѓе.

На фотографијата се гледа дека вијадуктот Моранди се распаѓа, а се гледаат и сајлите кои висат од долната страна на надвозникот.

Фотографијата ја објавил еден твитерџија, а покрај неа напишал: “Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар.”

Семејствата на загинатите и властите за катастрофа ја обвинуваат приватната компанија Автострада, која ги одржува повеќето италијански автопати.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте навел дека операторот на автопатите, компанијата Автострада, е одговорна за безбедноста на мостот и дека владата нема да ја чека истрагата за да преземе акции.

Компанијата денес изразила уверување дека ќе се докаже дека ги исполнила обврските од договорот за концесија за работа на тој мост.

Владата во Рим, исто така, повикала на оставка на врховниот менаџмент на таа компанија и порачала дека ќе бара изрекување на високи казни.

Leave a comment

error: Content is protected !!