Последна фаза на операцијата! Драматичен пресврт: Уште четири деца чекаат спас, две се преслаби за извлекување!

Тимот на спасувачи и нуркачи од тајландската морнарица наведува дека втората операција траела 9 часа, каде низ речиси 4 километри долг тунел ги извлекувале децата.

Третата фаза на операцијата за спасување на преостанатите четири деца и нивниот тренер од пештерата на северот на Тајланд почнала утрово, а службениците најавуваат дека сите петмина ќе бидат извлечени во текот на денот.

Луѓето ширум Тајланд го прославија синоќешниот успех на спасувачите, вклучувајќи го и училиштето Мае Саи Праситсарт во кое учат децата.

“Многу сум среќен за оние кои успеаја да излезат и мислам дека денес сите ќе бидат надвор”, рекол 14 годишен соученик. “Сакам да ги одведам своите пријатели на ручек и да играме фудбал”, додал тој.

Но, не сакаа да откријат дали и во оваа акција ќе се обидат да ги извлечат сите пет, додека досегашниот план беше извлекување на четворица.

Тренерот на децата, Екапол Чантавонг, ќе биде последен извлечен во операцијата. Според официјалните информации, тој е еден од најслабите во групата, бидејќи на момчињата им ја давал и својата храна. Исто така ги учел децата како да медитираат и како да ја чуваат својата сила додека не ги пронајдат.

Илон Маск, милијардерот кој понудил помош за спасување на децата на Тајланд објавил на својот профил на Инстаграм ново драматично видео од пештерата.

https://www.instagram.com/p/BlBr_mAA9n3/?taken-by=elonmusk

Еден од нуркачите на меѓународниот спасувачки тим, Иван Караџиќ, волонтер од српско потекло во Данска, изјавил дека им се восхитува на децата заробени во пештерата на северот на Тајланд на тоа колку се силни.

Две од четирите преостанати деца, заробени во пештерата на северот на Тајланд, можеби имаат белодробна инфекција. Секретарот на Министерството за здравство на Тајланд, Џедсада Чокдумронгсук ја потврдил таа информација.

Ако се оди според планот, до крајот на денот ниеден член на младиот фудбалски тим нема да биде заробен во внатрешноста на пештерата.

Leave a comment

error: Content is protected !!