После долго време- Нова емисија за миленици, „Пет за Пет“

На македонските телевизии дефинитивно недостастува малку забава. Речиси секоја ТВ куќа 80 проценти од програмата ја посветува на политиката и дневните случувања, а забавни емисии имаме се помалку.

Но, во сето сивило деновиве излезе нешто интересно- нова емисија за животни и домашни миленици „Пет за Пет“ која ќе се емитува на Тв Алфа секоја сабота во 16:30. Емисијата ќе понуди неколку рубрики во кои преку забава и едукација, гледачите ќе се запознаваат со сите згоди и незгоди на животнискиот свет. Познатите и нивните миленици, ветеринарно катче, Зоо енциклопедија во соработка со Зоолошката Градина, преставување раси, вдомување и спасување улични животни и уште многу интересни содржини ќе може да се погледнат во еден час колку што трае емисијата.

Емисијата е продуцирана од „Дел Рио“, уредник е Стефан Кирков, а до светот на животните ќе не доближат Марко Новевски во студио и Тина Мицковска на терен. Екипа на луѓе кои оваа емисија ја работат со многу љубов кон животните.

Во продолжение погледнете ја првата емисија „Пет за Пет“:

 

Leave a comment

error: Content is protected !!