Посетете го и вие: Ова италијанско село годишно го посетуваат огромен број на туристи

Доволно е само да се погледне оваа убавина и да се сфати зошто Орвијето е магнет за туристи, исто како што некогаш било магнет за римските папи кои биле интимно поврзани со ова место.

Орвијето е село во централна Италија, во Умбрија, место надалеку прочуено поради својата величествена положба. Имено, сместен е на врвот на рамен брег, кој само се спушта кон сите страни, што овозможува спектакуларен поглед на целата околина.

Основано е веројатно во првиот милениум пред новата ера и било еден од најважните центри на таа цивилизација.

Под Рим паднал во третиот век пред новата ера, а на почетокот на средниот век поради одбранбената положба станало епископско седиште, што го објаснува и постоењето на катедралата и папската палата, со оглед на тоа дека сите поглавари на Римокатоличката црква од раниот 11-ти век па натаму биле интимно поврзани со ова место.

Иако целиот град е практично музеј на отворено, токму катедралата “Duomo di Orvieto”, посветена на Пресвета Богородица и Папската катедрала, се најважни споменици, покрај подземните лавиринти, Палатата на народнито капетан и тврдината Алборноза.

Leave a comment

error: Content is protected !!