Илон Маск повеќе не е претседател на управата на Тесла. Маск се договорил на суд откако бил обвинет за измама поради низа лажни твитови, а мора да плати вртоглави 20 милиони долари казна.
Наводно Маск сакал да ја импресионира својата девојка Гримс, со која последните недели бил во лоши односи.
Илон Маск и ексцентричната музичарка Гримс почнале врска на почетокот на оваа година, а прв пат заедно се појавила на Мет Гала.
На новинарите им признале дека врската ја започнале откако Маск и се јавил на Гримс откако претркала во една “гиковска” шега за вештачката интелигенција.
Гримс, со вистинско име Клер Бушер, е 30-годишна музичка и концептуална уметничка. На музичката сцена се појавила во 2012. година, а но светските медиуми ја запознале дури кога станала девојка на Елон Маск.
Маск на почетокот на август на Твитер напишал дека размислува за повлекување на акциите на Тесла од берзата и дека инвеститорите го поддржуваат тој план, дека финансирањето е обезбедено и дека на акционерите ќе им бидат понудени 420 долари по акција.