Понесете кеш, паника ширум Европа: “Visa” и “Mastercard” не функционираат

Платежниот систем на “Visa” и “Mastercard” паднал во Велика Британија и ширум Европа поради што се оневозможени финансиски трансакции со платежните картички на тие куќи, јавуваат британските медиуми.

Од компанијата било соопштено дека ја истражуваат причината за прекинот и работат на тоа што побрзо да пронајдат решение, пренесува британскиот јавен сервис “BBC”.

Супермаркетите, рестораните и баровите ширум Британија не се во можност да го реализираат плаќањето, поради што клиентите се советуваат со себе да понесат кеш, пренесува британски “Sun”, додека “Independent” јавува дека клиентите добиле порака во која пишува дека дошло до прекин на услугите.

Размерите на проблемот се уште не се целосно јасни, ,но клиентите на “Visa” ширум Европа се жалат на Твитер дека нивните плаќања се одбиени.

Leave a comment

error: Content is protected !!