Половина век ја вози истaта “буба”, па “Volkswagen” ја наградил за верноста, и еве како

Американката Кетлин Брукс ја купила својата црвена VW “буба” во декември 1966-та година и од тогаш со неа минала повеќе од половина милион километри.

Оригиналната VW буба била многу популарен модел во САД во 60-тите години, пред се меѓу младите.

Кетлин својот автомобил, кој го набавила пред повеќе од 50 години, и ден денес редовно го користи за одење на работа. За својата црвена “буба” оваа госпоѓа вели дека е како член на нејзиното семејство, па дури и дала и прекар – Ени.

Кога во компанијата “Volkswagen North America” слушнале за приказната на Кетлин и Ени, одлучиле нејзината верност да ја наградат така што автомобилот ќе го обноват во целост и ќе му го вратат сјајот од 1966-та, кога излегол од салон.

“Реновирањето” било извршено во фабриката на Volkswagen во Пуебла, Мексико, која е најголем VW погон надвор од Германија и во која своевремено се произведувала и оригиналната “буба”.

Процесот на обнова на овој автомобил стар повеќе од половина век траел 11 месеци, а во него учествувал тим од 60 работници и млади припаравници кои биле на обука.

Најголем предизвик при реставрацијата претставувале кородираните делови од каросеријата, работата на обнова на системот за потпирање и преносниот систем, како и проблемите во врска со електроинсталацијата.

Во “Volkswagen” велат дека на Ени и замениле околу 40 проценти од деловите, а дека во целост реставрирале 357 оригинални компоненти.

Примерокот од оригиналната нијанса од црвената боја го земале од внатрешниот дел на предградата за ракавици, која не било директно изложена на сончево зрачење, па останала најдобро сочувана.

Сепак, неколку елементи на обновената “буба” се разликуваат од оригиналните, фабрички од 1966-та година.

Имено, VW одлучил автомобилот да го опреми со диск-сопирачки кои се вградени во поновите верзии на мексиканските буби, а современата копија од оригиналниот аудио-уред има и Bluetooth конекција.

Во целост се заменети сите електроинсталации во возилото, а обновен е и менувачот, додека се, како што велат од фабриката во Пуебла, е унапредено.

Моторот е внимателно расклопен, исчистен и обновен, додека седиштата добиле нови кожни навлаки.

Како што вели лидерот на тимот кој учествувал во реставрацијата на Ени, целта не била автомобилот да се доведе во музејска состојба, туку сопственичката и натаму да вози безбедно и со задоволство.

Leave a comment

error: Content is protected !!