Полицијата ја сопрела убавата Русинка поради два прекршоци, таа им нудела секс за да се извлече

24-годишната Кира Мајер, Инстаграм ѕвезда со повеќе од 145.000 фанови на оваа социјална мрежа, била сопрена од полицијата во главниот руски град, Москва, по што на сообраќајците им понудила секс да се извлече од казна.

Младата старлета на социјалните мрежи во главно објавува провокативни фотографии. Кога била сопрена од полицијата, бидејќи возела без дозвола, таа им понудила приватен перформанс. Локалните медиуми велат дека Кира пред шест месеци останала без возачката дозвола бидејќи побегнала од местото кога предизвикала сообраќајна несреќа.

Кира поради наведената казна не смеела да вози 15 месеци. Полицијата ја сопрела во автомобил марка “Мерцедес”, а како што пренесуваат тамошните медиуми, таа набрзо почнала физички да ги напаѓа сообраќајците кои ја сопреле и исклучиле од сообраќајот.

“Сообраќајната полиција и рекла дека не смее да вози и тоа ја налутило. Почнала да вриска и се обидела да ги земе документите од рацете на полицајците. Ги гребела, ги удирала, пцуела, а се обидела и да побегне”, навел порталот “Маш”.

Откако тоа, очекувано, не вродило со плод, таа на полицајците им понудила соло или групен секс. Откако ја одбиле, ја одвеле во полициска станица, каде што се обидела да си ги пресече вените. Сега тим од психијатри го проверува нејзиното ментално здравје.

Кира има преку 145.000 фанови на Инстаграм, каде објавува провокативни и еротски фотографии, како и снимки од своите патувања.

“Кога ќе ми здодее среќниот живот, ќе се омажам и ќе патам како сите нормални луѓе”, навела на својот профил.

Leave a comment

error: Content is protected !!