Connect with us

Repriza.mk

Полицаец брутално тепа девојка по глава! Вознемирувачката снимка од претепување на плажа ја разбеснила јавноста во САД

Инфо

Полицаец брутално тепа девојка по глава! Вознемирувачката снимка од претепување на плажа ја разбеснила јавноста во САД

Полицијата во САД отворила истрага откако во јавноста се појавила снимка од полицаец кој брутално претепува девојка на плажа во Вајлдвуд, во Њу Џерси.

На снимката, која го огромна брзина се раширила на интернет, се гледа полицаецот кој со една рака ја држи девојката која лежи на песокот, додека со другата рака ја тепа по вратот и главата.

 

Вознемирените насобрани луѓе на плажата се обиделе да го сопрат инцидентот но тројцата полицајци не се откажале додека на девојката не и ставиле лисици на рацете. Во позадина се слушаат панични повици на жена, која се обидува да и каже на девојката да не се спротивставува, бидејќи бруталноста била очигледна.

Во еден момент полицаецот кој ја тепал девојката дури и почнал да ја дави, додека друг ја држел за нозете.

Девојката која била сведок на настанот и го снимала видеото нагласува дека инцидентот настанал бидејќи девојката одбила да го каже своето презиме, бидејќи не видела причина за тоа откако претходно поминала на алко-тестот.

За само два дена снимката била “ретвитувана” повеќе од 43.000 пати, а јавноста е огорчена и во коментарите наведува други случаи на полициско пречекорување на овластувањето. Снимката потоа ја објавиле и сите главни медиуми во САД.

Емили Веинмен од Филаделфија е обвинета за напад на полицијата бидејќи плукнала еден од нив, како и за дезориентирано однесување, спротивставување при апсење, опструкција и поседување на алкохол.

Како што рекле надлежните, полицајците кои учествувале во инцидентот на плажата биле распоредени на административна должност додека внатрешната контрола не ја заврши истрагата.

Инаку, благодарение на социјалните мрежи, во последно време се почести се снимките од полициска бруталност која се применува при апсењето.

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!