Полека, тивко: Крволочниот ѕвер се обиде да нападне човек, но еве што го спречи

Тигар во зоолошката градина во американската сојузна држава Луизиана наумил да го изеде својот плен – човекот кој го забележал покрај водата. Она што тигарот не го сфаќал е дека помеѓу нив се наоѓа стаклен ѕид, токму поради тоа да не ги повредат посетителите на зоолошката градина.

Ситуацијата во која мажот за малку ќе се претвореше во оброк на тигарот беше снимена од неговиот пријател. Животното многу бавно помина низ водата со цел да да не го забележи пленот, а кога дошол поблиску дивјачки скокнал и удрил во стаклото.

Неуспехот сосема го збуни, па некое време зачудено гледаше во тоа што го спречило во неговата намера, а потоа почнал да скока по стаклото.

Leave a comment

error: Content is protected !!