Еве што правеше Лила и Црномурестиот Рон сред ЕМИСИЈА (ВИДЕО)

Овојпат, водителката беше на гости кај Тијана Дапчевиќ во емисијата „Вечер со Тијана“. Но, не беше сама. Друштво и правеше симпатичниот црномурест Рон Холси. Лила откри сочни тајни од својот приватен живот, како и тоа дека одамна никој не ја запросил, велејќи- „Да ме запросеше некој, досега ќе бев мажена“

На Тијана, Лила и Рон им тргна муабетот. Рон е Американец, опседнат со Балканот и заљубен во српската музика, храна и традиција, а со Тијана е пријател веќе неколку години. Тие дури заедно снимија и дует на македонската песна „Јовано Јованке“.

Поврзани вести: Упссс : Не лажат ли очиве…? Лила Покажа Многу Повеќе Отколку Што Планираше

Дапчевиќ како секогаш забавна домаќинка ги натера Лила и Рон да танцуваат заедно. Прво заиграа оро, а потоа и валцер. Како што се гледа од видеото, меѓу нив двајца навистина има голема хемија. Што се случувало во студиото, ќе можете да погледнете утре вечер во 20:00, а дотогаш погледнете ја најавата за емисијата:

Поврзани вести: Адреналински зависник- За еден час Лила собра храброст да лета дури два пати

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Repriza.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Leave a comment

error: Content is protected !!