Погледнете каков “пранк” му направија на Бекам со статуата: Реакциите на славниот фудбалер се неверојатни

Дејвид Бекам бил многу возбуден пред да ја види својата скулптура, која за него ја изработи фудбалскиот клуб Л.А. Галакси. Откако ја здогледал, Бекам и немал баш добра реакција.

Имено, Л.А. Галакси сакал да ја претстави скулптурата на раскошна свеченост приредена во чест на Бекам, најдобриот фудбалер во историјата на тој клуб. Она што славниот Англичанец не знаел е дека водството на клубот се здружи со водителот Џејмс Корден за да се пошегуваат на негова сметка. Оригиналната статуа пред премиерата ја замениле со лажна со која Бекам не е прикажан во најдобро светло.

Во епизодата на шоуто на Џејмс Корден може да се забележи како 43 годишниот поранешен фудбалер со нетрпение го очекува откривањето на кипот, а потоа на неговото лице се појавува згрозен израз.

Него му пречеле долгата брада и задникот кои на кипот биле поголеми од неговите. За тоа време Корден му се смеел од другата соба, потајно следејќи го секој негов чекор и ужаснат израз на лицето.

“Сопругата ми доаѓа овде, среќа децата нема да бидат тука, бидејќи да го видат ова само би плачеле. Не сакам да ве навредам, но ова е голема работа за мене. Ова е навредливо”, говорел лутиот Беркам обидувајќи сè да излезе од просторијата.

Како тоа да не било доволно, виљушкарот започнал да го подигнува кипот, а додека Бекам го испитувал лажниот виљушкар каде го носат, кипот се лизнал и се распаднал на парчиња.

“Веројатно ми направи услуга”, коментирал фудбалерот додека пред него истрчал Џејмс Корден и сè му станало јасно.

David Beckham gets pranked on The Late Late Show with James Corden, airing Monday March 11, 2019. Photo: Terence Patrick/CBS ©2019 CBS Broadcasting, Inc. All Rights Reserved

Leave a comment

error: Content is protected !!