Пофлексибилна од два пати помладите колешки: На 61 година пејачката прави чуда со своето тело

Мадона како да го сопрела времето. Иако оваа пејачка има 61 година, таа е во топ форма.

Во екот на подготовките за нејзината “Madame X” турнеја, Мадона “не се мисли два пати” кога станува збор за објавите на Инстаграм, преку кои ги известува своите фанови за тоа како сè напредува.

Во последната видео-снимка, Мадона покажала како се подготвува за концертите. Според нејзиниот видео материја, тоа подразбира допишување, средување на косата и истегнување на нозете.

Пејачката и покрај годините е многу флексибилна, па на тоа што таа може да го направи со своето тело и завидуваат и двојно помладите колешки.

Видео-снимката го привлекла вниманието на нејзините фанови, но и на познатите колеги кои ја следат. Така Кели Рипа и оставила ласкав коментар.

“Ако изгледаат вака сите нејзини подготовки, одвај чекам да видам што ќе направи на настапот. Турнејата почнува на 12-ти септември. Среќен роденден епски мултитаскеру”, напишала таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!