Подобра сум од Ким, јас сум природна!

Анастасија Квитко е една од најпознатите Русинки, иако не се занимава со јавна работа. Таа всушност е Инстаграм ѕвезда, а на социјалните мрежи ја следат повеќе од 9 милиони фанови и тоа благодарение на нејзините облини.

Убавата русокоса станала инфлуенсер токму поради напоменетите облини, бујните гради и уште повеќе бујниот задник, а ја нарекуваат и руската Ким Кардашијан.

Сепак, изгледа дека Анастасија ја надмина американската старлета, нејзината половина е потенка, а градите и задникот поголеми и тврди дека сето тоа е 100 % природно.

“Ја сакам Ким Кардашијан, но не и да ме споредуваат со неа, јас сум далеку пред неа. Моето тело е во тренинг, мојот задник е поубав, немав ниту една пластична операција, ниту на лицето или телото. А, сите знаат што правеше таа со задникот”, рече 23 годишната убавица.

Оваа секс бомба е родена во Русија во Калининград, но пораснала во Мајами каде и денес живее.

Се занимава исклучително со моделинг, а вели дека претходно ја одбивале со изговори дека е “предебела”, но сега има многу зафатен распоред.

“Кога имав 17 години ме забележа познат моден фотограф Анвар Норов и потоа го засакав моделингот и одлучив да се занимавам со таа работа”, рекла Анастасија.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!