Подморници и интернет – Еве зошто кокаинските картели се непобедливи: Оваа дрога е најпопуларна во една земја од регионот, а побарувачката расте

Кокаинската индустрија вреди 320 милијарди долари годишно, а и покрај сите обиди, речиси ништо не успеало да го сопре производството, транспортот и продажбата на таа дрога.

Само САД, годишно на војната против дрога троши 40 милијарди долари, а 1,5 милиони од своите граѓани приведува поради трговија или други криминални дејствија поврзани со дрога. Со се се поврзани и конкурентните картели кои нe војуваат само со полицијата, туку и меѓу себе, а поголем дел од нивната заработка доаѓаа токму од трговијата со кокаин.

Експертите претпоставуваат дека активни корисници на кокаин на глобално ниво има 18 милиони, а тука се бројат и “рекреативците”. Кога би го гледале тоа според држави, Велика Британија, Шпанија, Австралија и САД се најголеми корисници на кокаин, но на прво место, според британски “Economist”, е Албанија, каде 2,5 проценти од населението активно користи кокаин, и тоа бидејќи се наоѓа на транзитната рута на кокаинот кој доаѓа од Авганистан.

Државата од Јужна Америка, Колумбија, е дури на 34. место на листата корисници, но затоа и натаму е произведувач број еден на кокаин во светот. Таму се произведува речиси 60 проценти од годишната квота. “Economist” направил и прецизна пресметка. Килограм неразработен кокаин во џунглите на Колумбија чини 2.200 долари, а во Мексико достигнува цена од 12 до 16 илјади долари, а додека истиот килограм се префрли во Европа, и кога ќе се пресметаат сите трошоци и опасноста за извоз, таму килограмот чини меѓу 53 и 55 илјади долари.

Картелите се незапирливи во одлуката тие пазари максимално да ги преплават со дрога и да ја зголемат заработувачката. Рутите кои некогаш ги користеле за шверц на канабис сега се кокаински патишта. На Гибралтар минатата година увозот се зголемил за 300 проценти, а нова “финта” се и кокаинските подморници.

Работата отишла толку далеку што картелите крадат или нарачуваат изработка на мали нарко-подморници во кои собира 7.7 тони колумбиски кокаин.

Картелите дури и хакираат системи за безбедност, за да можат непречено да прошверцуваат роба во Панама или Мексико. Заплените, кога ќе се случат, вклучуваат монструозни количини на кокаин, но во исто време никогаш не се произведувало повеќе од оваа дрога.

Колумбија се обидува да ги заинтересира граѓаните да одгледуваат други култури, но заработката и натаму е најдобра и најбрза со кокаинот, и покрај опасноста.

Од сериозна зависност, барен во САД, најчесто патат сиромашните слоеви на населението или пак оние најбогатите, додека голем дел од добростоечките млади луѓе дрогата ја користат само кога излегуваат или се дружат.

Од предозирање со кокаин во САД во 2012. година умреле 4.400 лица, додека во 2016. година таа бројка пораснала на 10.400. Дилерите и корнисниците сега дури и ја продаваат дрогата на интернет. Таму, велат експертите, е уште потешко да бидат фатени. “Тоа е битка која не може да се добие”, вели “Economist”

Leave a comment

error: Content is protected !!