Почина транс великанот Банси од култниот состав GMS- фановите во тага

Еден од најголемите транс великани на дешеницата, како и еден од основоположниците на овој жанр со многу албуми зад себе, Банси од GMS, денеска почина од редок вид на рак на крвта.

Банси или Џозеф Квинтерос како што му беше вистинското име веќе подолг период се бореше со страшната болест, а на gofundme се собираа средства во износ од 1 000 000 долари за лекување на музичарот. За жал, не успеа да го победи ова ретко заболување  и на 41 година замина во вечното почивалиште.

Тој беше дел од составите GMS и 1200 mics, кои неколку пати гостуваа и во Македонија, а секогаш за нивните журки се бараше карта повеќе. За фановите на транс музиката, Банси беше бог- исклучително талентиран и креативен музичар кој навистина во животот.

Неговиот колега Риктам беше најголемата поддршка за Џозеф во тешките моменти, додека се бореше со болеста, но за жал не успеа да помогне за конечно излекување.

Фановите од целиот свет тагуваат за Банси и се простуваат од него на социјалните мрежи.

Leave a comment

error: Content is protected !!