Почувствувал дека ќе го ограбат, па применил неверојатна тактика: Погледнете како пешакот ги надмудрил крадците од автомобилот, цел интернет воодушевен

Една снимка, за која се верува дека настанала во Бразил, покажува неуспешен обид за грабеж.

Мажот мирно шетал по тротоарот со кеса во раката, кога видел дека му се приближува автомобил.

Бидејќи почувствувал дека ќе биде ограбен, нагло се завртел и почнал да трча.

Крадците тргнале во рикверц, но пешакот ги надмудрил и повторно тргнал напред, но преминал на другата страна од улицата.

Потоа повторно се истрчал назад колку што го носеле нозете. Изгледа дека крадците се откажале, а пешакот ги надмудрил на најдобар можен начин.

“Ова е вообичаен понеделник во Бразил”, гласел еден од коментарите.

Leave a comment

error: Content is protected !!