Connect with us

Repriza.mk

Почна најлудата забава на светот: Погледнете ги убавиците на карневалот во Рио

Живот и стил

Почна најлудата забава на светот: Погледнете ги убавиците на карневалот во Рио

Најраскошниот и највесел карневал на светот, кој традиционално секоја година од 18-тиот век се одржува во Рио, оваа година привлекол околу милион туристи од целиот свет.

Почетокот на карневалот доцнел неколку часа бидејќи пожарните екипи морале да извршат детална инспекција на славниот самбодром, за да спречат секаква можност да дојде до трагедија.

Две големи трагедии го погодиле Бразил во последната година, пожар во кампот на ФК Фламенго и пожар во зградата на Националниот музеј.

Лајтмотивот на овогодинешниот карневал по доаѓањето на Жаиро Болсонаро на власт е улогата на жените во општеството и правата на малцинствата.

Откако Марсело Кривела станал градоначалник на Рио, карневалот се соочил со намалување на буџетот. Градот ги преполовил издвојувањата за училиштата за самба. Сепак, и покрај тоа, традиционалниот танц по кој е познат Бразил, ќе го има на претек.

Leave a comment

Continue Reading
You may also like...

More in Живот и стил

To Top
error: Content is protected !!