Почина легендарниот моден дизајнер Карл Лагерфелд

Почина Карл Лагерфелд, известил францускиот магазин “Closer”. Легендарниот моден дизајнер кој беше креативен директор на “Chanel” почина на 86-годишна возраст.

Лагерфелд пропуштил два настани на “Chanel” минатиот месец, но модната куќа соопштила дека тој “само се чувствувал уморно”. Карл е роден во 1933 година во Хамбург, а на чело на модната куќа основана од страна на Коко Шанел, бил повеќе од три децении. Годишно издавал до осум колекции, на радост на модните уредници, обожаватели и колекционери.

Германскиот дизајнер го променил оригиналното презиме Лагерфелдт во Лагерфелд бидејќи верувал дека “звучи покомерцијално”. Тој беше еден од најплодните дизајнери во индустријата, а дизајнирал колекции и за сопствениот бренд и модната куќа “Fendi”.

Причината за неговата смрт засега не е потврдена.

Leave a comment

error: Content is protected !!