По венчавката на Хари, тој е најпосакуваниот ерген во кралското семејство

Луис Спенсер, внукот на покојната принцеза Дајана, се појавил во придружба на три дами на венчавката на Меган Маркл и неговиот братучед, принцот Хари.

 

Атрактивното момче само неколку дена пред Хари да го каже судбоносното “да” ја преземал титулата најпосакуван ерген со сина крв.

Луис од црквата до местото на свечениот ручек се прошетал во друштво на својата мајка Викторија Ејкен и сестрите лејди Елајза и лејди Кити Спенсер, а за својот изглед, исто како и неговите сестри, може да им се заблагодари на добрите гени.

Освен добриот изглед и угледното семејство од кое потекнува, Луис може да се пофали и со дипломата од Универзитетот во Единбург. Според последните податоци, во неговиот љубовен живот засега не постои ниедна жена.

Leave a comment

error: Content is protected !!