Connect with us

Repriza.mk

По рушењето: Вака изгледа полигонот каде Северна Кореја го тестирала нуклеарното оружје

Инфо

По рушењето: Вака изгледа полигонот каде Северна Кореја го тестирала нуклеарното оружје

Северна Кореја го исполнила ветувањето и го кренала во воздух полигонот на кој изведувала нуклеарни тестирања. Подземните тунели и објекти исчезнале по неколку гласни експлозии.

 

Историското демолирање го следеле бројни новинари кои експлозиите ги гледале од неколку метри оддалеченост.

Новинарот Игор Жданов имал можност да го обиколи подрачјето и да ги прегледа локациите на пробното место Пунгје-ри, пред да се претвори во урнатина.

Покрај инфраструктурата на локацијата, која била користена од работници и војската, Севернкорејците урнале четири тунели, меѓу кои и северниот тунел број 2, кој неодамна издржал пет подземни нуклеарни тестови.

Најзначајно е рушењето на западниот тунел, во кој немало нуклеарни тестирања.

Севернокорејците рекле дека неговото затворање претставува демонстрација на подготвеноста на Пјонгјанг да ги преземе првите чекори во помирувањето со Сеул и остатокот од светот.

Бидејќи полигонот за тестирање е уништен, Северна Кореја очекува од меѓународната заедница да се најдат на половина пат.

Меѓутоа, американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го откажал договорениот самит со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун. Оваа вест прво ја објавила Белата куќа, а потоа и Трамп се огласил на Твитер.

Трамп истакнал дека оваа одлука ја донел поради големиот бес и отвореното непријателство во севернокорејските изјави.

Leave a comment

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!